Утрински Весник
Свет

Француски инфектолог: Ковид-19 веќе не убива, никој нема да сака да се вакцинира

Француски инфектолог: Ковид-19 веќе не убива, никој нема да сака да се вакцинира

„Ако болеста остане како што е сега, не гледам кој ќе сака да се вакцинира против нешто што не убива“, изјави францускиот инфектолог Дидие Раул и предизвика полемика.

Раул рече дека не знае дали вакцината воопшто ќе биде корисна. Тој исто така наведе дека вирусот сега е многу побезопасен отколку во февруари или март.

Во исто време, познатиот професор од Марсеј истакна дека не треба да се третира како некој што е против вакцините, пренесува „Новости“.

Францускиот инфектолог го објаснува зголемениот број на позитивни случаи во последно време со фактот дека сега се тестираат повеќе луѓе. „Оваа болест не е посмртоносна од другите респираторни вирусни заболувања, стапката на смртност е под два проценти“, рече Раул, кој е директор на Медитеранската клиника за инфективни болести во Марсеј.

Проблемот, според него, се појавува бидејќи овој вирус е непознат. Во Франција се повеќе се пропишува да се носат маски, дури и на отворено. Раул верува дека би било подобро ако се препорача да се носат, а не да бидат наметнати како обврска, бидејќи смета дека тоа може да создаде конфликти во општеството.

„Ако маските можат да влеат доверба, тоа е една работа, но јас сум загрижен затоа што премногу сме фиксирани во таа насока“, истакна Раул, додавајќи дека најважно е миењето на рацете.

Многу негови француски колеги го критикуваат за тоа што го рече, потенцирајќи дека грипот и Ковид-19 не можат да бидат исти, затоа што не постои утврдена вакцина против коронавирусот за широките маси и дека не е педагошки да се критикуваат маски во време кога на тој начин се спречува појава на втор бран.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кендал: Земјите-членки на НАТО се вовлечени во „скриена кибервојна“ со Русија

Најмалку шест луѓе загинаа во вооружен инцидент во дискотека во Мексико

Песков: Бајден ги саботира мировните планови на Трамп за Украина