Утрински Весник
Свет

Францускиот премиер ќе бара одлагање на регионалните избори

Францускиот премиер ќе бара одлагање на регионалните избори

Францускиот премиер Жан Кастекс ќе побара одлагање на три месеци на регионалните избори закажани за март 2021 година, поради пандемијата на коронавирус.

Кабинетот на премиерот соопшти дека тој ќе предложи изборите да се одржат во јуни, пренесе Ројтерс.

Со 1,9 милиони потврдени случаи на Ковид-19, Франција е четврта земја во светот по бројот на заболени.

Моментално на сила се рестриктивни мерки со цел сузбивање на ширењето на вирусот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија и Украина разменија тела на загинати војници

Мелони: Не смее да има патарина за премин низ Ормускиот теснец

(Видео) Работник запали магацин во САД: Требаше подобро да нѐ плаќате