Утрински Весник
Свет

Француската полиција растури забава со 110 луѓе во Париз, сите се казнети

Француската полиција растури забава со 110 луѓе во Париз, сите се казнети

Повеќе од 110 лица се казнети во илегален ресторан во Париз, ноќта од петокот кон саботата, а организаторот и менаџерот се приведени за кршење на рестриктивните мерки поради пандемијата на коронавирус, соопшти полицијата.

По трет пат, Франција е подложена на строги епидемиолошки мерки за спречување на пандемијата. Баровите и рестораните се затворени со месеци, а властите советуваат да не се собираат повеќе од шест лица на ручек и вечера дома.

Полицијата била „повикана поради прекумерна бучава“ и „го прекинала собирот на повеќе од 110 лица“, објави париската полиција на Твитер.

Гостите се казнети за непочитување на епидемиолошките мерки.

Можете да прочитате

Стартуваа глобалните царини на Трамп

Поранешниот норвешки премиер хоспитализиран, наводно се обидел да се самоубие поради Епстин

Путин: Русија е непобедлива – 24info.mk