Околу 850 француски патници од крузер на кој избувнала епидемија од коронавирус, по што бродот во март не успеал да се закотви на ниедно пристаниште, во Париз поднеле групна тужба со 180 обвиненија, вклучително и убиство од небрежност, против компанијата „Коста Крузес“, соошти нивиот адвокат во неделата. изјави нивниот адвокат во неделата.
Групната тужба, во која се вклучени и три обвиненија од семејства чии членови починале од Ковид-19, ја обвинува италијанската компанија за небрежност и други пропусти за време на крстарењето со бродот „Коста Магика“.
Од 6 до 13 март, бродот посетил различни пристаништа на карипските острови, вклучувајќи ги Тринидад и Тобаго, Гренада, Барбадос и Света Луција, кои одбиле да дозволат негов влез.
За да ги компензира патниците поради неможноста за посета на островите, екипажот ги охрабрувал да ги користат продавниците, рестораните, казината и другите понуди и услуги на бродот, без да воведе доволно здравствени мерки или да ги извести луѓето за можни случаи на инфекција со Ковид-19 на крузерот, се наведува во тужбата.
„Членовите на екипажот се виновни бидејќи патниците немале скоро никакви информации и само благодарение на локалните медиуми дознале дека има активни случаи на бродот“, рече адвокатот Филип Куртоа, кој ги претставува патниците.
Куртоа ги критикуваше и, како што истакна, исклучително површните мерки против вирусот на бродот.
„Тоа требало да биде крстарење од соништата, а се претворило во страдање за луѓето“, додаде тој.