Утрински Весник
Спорт

Французите „удрија“ по Дешам – многумина веќе го гледаат Зидан на таа позиција

Французите „удрија“ по Дешам – многумина веќе го гледаат Зидан на таа позиција
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Фудбалерите на Швајцарија синоќа на панали ги елиминираа првите фаворити на ЕУРО 2020 – Французите, па „галските петли“ вината за тоа ја бараат пред се во селекторот Дидие Дешам.

Медиумите пишуваат дека Зинедин Зидан со сигурност ќе биде замената на Дешам.

„Го напушти Реал Мадрид, само чека повик од Сојузот. Неговиот стручен штаб е веќе подготвен, само да го повика и да потпише“ пишува денеска во дел од француските мдиуми.

По шокантната елиминација од Швајцарија, Франција „се дигна на нозе“ и јавноста воглавно пронајде 4 забелешки на Дешам.

Едната е што го врати Бензема во составот (иако напаѓачот на Реал Мадрид постигна 4 гола на шампионатот, а Мбапе ниту еден), потоа во клучниот меч му замеруваат зошто дефанзивецот на Барселона, Ленгле беше во првиот состав.

Третата забелешка е поради промената на тактиката во пресрет на двобојот со Швајцарците и последно – јавноста во Франција смета дека Дешам направил грешка при измените на играчите.

Се чини ова е најлошиот период за „триколорите“ уште од испаѓањето во групната фаза на ЕУРО 2008 и на СП во 2010 година.

> Французите „удрија“ по Дешам – многумина веќе го гледаат Зидан на таа позиција <

Можете да прочитате

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим

Јувентус по три победи во низа, се проби на третото место