Утрински Весник
Свет

Франција ѝ дала милиони евра на Организацијата за забрана на хемиско оружје за мисијата во Сирија

Франција ѝ дала милиони евра на Организацијата за забрана на хемиско оружје за мисијата во Сирија

Франција придонесла со еден милион евра за поддршка на активностите на траст-фондот за мисиите во Сирија при Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ), пренесува Ројтерс.

Доброволниот прилог беше официјализиран во петокот од постојаниот претставник на Франција во ОПЦВ, Луи Васи, и генералниот директор на ОПЦВ, Фернандо Аријас, во седиштето на ОПЦВ во Хаг.

Минатиот месец на Сирија ѝ беше одземено правити на глас од страна на земјите-членки на глобалното набљудувачко тело за хемиско оружје откако беше откриено дека нејзините сили постојано користеле отровен гас за време на граѓанската војна што избувна во 2011 година.

Сирискиот режим е обвинет за употреба на гасот сарин во Кан Шеихун, во провинцијата Идлиб, во 2017 година и во Гута, близу главниот град Дамаск, во 2013 година, при што се убиени над 1.400 луѓе.

Можете да прочитате

Украдени се над 400.000 KitKat чоколадца

Хутите извршија напади врз Израел, ексалира војната на Блискиот исток

Притисок врз НАТО? Трамп се заканува дека ќе ја повлече војската од Германија