Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Франција ќе развива бионички војници отпорни на болка и стрес

Франција ќе развива бионички војници отпорни на болка и стрес
Img 7972

Франција ќе развива бионички војници отпорни на болка и стрес и мозокот ќе им биде подобрен со микрочип. Етичкиот комитет на Министерството за вооружени сили на земјата даде одобрение за ова истражување, со цел да бидат во тек со земјите кои веќе работата на слични проекти.

Како што пишува „Тајмс“, се работи и на истражувања на создавање таблети кои војниците ќе ги одржуваат будни подолг период и операции за подобрување на слухот.

Имплантите со микрочипови ќе бидат дизајнирани да ослободуваат седативи и да го „подобрат капацитетот на мозокот“, а научниците исто така сакаат да создадат импланти кои ќе им овозможат на воените штабови далечински да ги следат локациите на војниците и да се обидат да измислат лекови што ќе ги направат војниците отпорни на болка.

Извештајот предупредува дека француската војска може да заостане зад другите земји кои веќе започнале со истражување на слични полиња, но авторите се согласија дека какво било подобрување кое би им ја одземало „човечноста“ на војниците треба да се запре.

Француската министерка за вооружени сили Флоренс Парли изјави дека Франција не се подготвува веднаш да инсталира микрочипови во своите војници.

„ Но, ние мора да бидеме јасни. Не секој има свои скрупули и тоа е иднината за која треба да бидеме подготвени”, изјави Парли за „Тајмс”.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Фон дер Лајен: Не смееме да паднеме во стапицата на Путин за поделби во ЕУ

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа

Цената на златото достигна нов рекорд поради страв од американската „блокада“ на администрацијата и очекувањата за намалување на каматите