Утрински Весник
Свет

Франција ќе нуди трета доза три месеци по втората

Франција ќе нуди трета доза три месеци по втората

Француската Висока здравствена управа (HAS) денеска соопшти дека засилувачката доза од вакцината против коронавирусот ќе се дава три месеци по втората доза.

Новата препорака на француското здравствено регулаторно тело е дел од постојните напори за спречување на ширењето на сојот омикрон во земјата, објави „Ројтерс“.

Претходно денеска, Австралија објави и дека од 4 јануари ќе понуди бустер-дози на секој возрасен што примил втора пред најмалку четири месеци, а интервалот ќе се намали на три месеци на крајот на јануари.

Можете да прочитате

Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур

Британската влада одобри Кина да почне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот

Владата на Полска планира да ја укине вонредната помош за Украинците