Утрински Весник
Свет

Франција со неформален документ предложи формирање на Европска политичка заедница

Франција, како тековен претседавач со Советот на ЕУ, претстави неформален документ со кој се предлага до крајот на оваа годинава да се формира т.н. Европска политичка заедница, отворена, како што се вели, за сите европски земји кои сакаат заеднички да придонесат за безбедноста, стабилноста и просперитетот на европскиот континент.

„Европската политичка заедница би била отворена за европските земји кои споделуваат заеднички збир на демократски вредности, без разлика дали се членки на Унијата или не и без разлика на нивниот актуелен однос со Европската унија: дали сакаат да ѝ се приклучат, дали ја напуштиле, воопшто не планираат да се приклучат или пак се поврзани со неа само со економски договори“, се наведува во текстот на документот во кој увид имала српската агенција „Танјуг“.

Според она што го пренесува агенцијата, Европската политичка заедница не би била алтернатива за членството во ЕУ, ниту замена за процесот на проширување.

Можете да прочитате

Стармер: Велика Британија нема да распоредува свои трупи во Иран

Швеѓанец ја принудувал сопругата на сексуални услуги со повеќе од 120 мажи

Во поплавите во Пакистан и Авганистан загинаа 45 лица