Утрински Весник
Свет

Франција: Протестантската црква даде благослов за истополов брак

Франција: Протестантската црква даде благослов за истополов брак

Протестантската црква во Монпелје, град на југот на Франција, за прв пат се согласи да благослови истополов брак.

По граѓанската венчавка, која ја направиле Емелин Доде (33) и Ањес Кауфман (31), дошле да примат благослов во црквата Магелон во Монпелје, пренесува парискиот дневен весник „Монд“.

Протестантската црква не венчава двојки, туку само им дава благослов на сопружниците кои се венчале пред граѓанските власти.

Церемонијата пред црковниот олтар ја воделе свештеници блиски до двете жени, велејќи дека на тој ден очекуваат зборовите на љубовта, храброста, но и отфрлањето да одекнат малку погласно од вообичаеното.

„Знаеме дека се водеше тешка борба за другите пред нас. На овој начин им покажуваме чест и благодарност“, рече Ањес Кауфман.

Додека се разменувале венчалните прстени, пристутни биле верници, поранешни колеги од Богословскиот факултет, парохијани, но и гости кои никогаш не влегле во протестантската црква.

„Благодарам на сите што нè поддржаа“, рече Емелин Доде.

Можете да прочитате

Пронајден мртов рускиот министер за транспорт кој утринава бил разрешен

Потврдена смртта на 27 девојчиња и воспитувачи во кампот „Мистик“ по поплавите во Тексас

Израел ги нападна Хутите во Јемен