Утрински Весник
Свет

Франција прогласи вонредна состојба во земјата

Во ноември може да нè погоди втор бран на коронавирус, вели советник на француската Влада

Француската влада прогласи здравствена вонредна состојба, давајќи им на тој начин на функционерите поголема моќ да воведат строги мерки за да се спречи ширењето на вирусот.

Во соопштението не е прецизирано каква постапка ќе биде преземана, но со усвојувањето на вонредната состојба се овозможува на властите да воведат поостри мерки, пренесува Спутник.
Се очекува подоцна претседателот Емануел Макрон да ги објави деталите за планираните мерки.

Француските медиуми наведуваат дека меѓу мерките кои ќе ги објави Макрон е и полициски час во период од 21 до 06 часот наутро.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk