Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Франција одлучи: „Нема да ги бојкотираме Зимските олимписки игри во Пекинг“

Франција одлучи: „Нема да ги бојкотираме Зимските олимписки игри во Пекинг“
Img 7972

Франција нема да го следи примерот на некои други западни влади и нема да ги бојкотира Зимските олимписки игри во Пекинг во февруари, иако секое кршење на човековите права во Кина мора да биде осудено, изјави денеска францускиот министер за образование Жан-Мишел Бланкер.

Што се однесува до дипломатскиот бојкот, Франција нема да го стори тоа“, изјави Бланкер на телевизијата БФМ.

Според него, спортот е свет сам по себе кој мора да биде заштитен од политичко мешање, пренесува Ројтерс.

„Министерката за спорт Роксана Марасинеану ќе присуствува на Олимпијадата во Пекинг“, рече Бланкер, но додаде дека кршењето на човековите права мора да се осуди.

Сепак, францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан претходно изјави дека Париз треба да заземе заеднички став со другите земји од Европската унија за евентуален дипломатски бојкот.

Соединетите држави, Канада, Австралија и Велика Британија неделава објавија дека нивните државни претставници нема да присуствуваат на Игрите, во обид да испратат порака до Кина за состојбата со човековите права во таа земја.

Париз треба да биде домаќин на Летните олимписки игри во 2024 година.

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот