Утрински Весник
Свет

Франција не ја препорачува вакцината на „АстраЗенека“ за лица постари од 65 години

Франција не ја препорачува вакцината на „АстраЗенека“ за лица постари од 65 години
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Вакцината на „Астразенека“ против Ковид-19, која е трета одобрена во Франција, не се препорачува за лица постари од 65 години, поради недоволни податоци за нејзината ефикасност во таа возрасна група, соопшти Јавниот институт за здравство на Франција (ХАС).

„Сè уште немаме доволно податоци за лица над 65 години. Се надеваме дека ќе ги добиеме овие податоци во наредните недели, а во меѓувреме оваа вакцина ја препорачуваме за лица помлади од 65 години“, рече директорот на ХАС, Доминик Ле Гулудец.

ХАС ја одобри вакцината Астразенека четири дена по Европската агенција за лекови (ЕМА).

Независното тело, чии совети Владата на широко ги почитува, смета дека вакцината прво треба да се дава на луѓе на возраст од 50 до 60 години и на медицинскиот персонал. Слична одлука за употребата на Астразенека донесоа Италија, Австрија и Германија, повикувајќи се и на недостиг на податоци.

ЕМА минатата недела соопшти дека нема доволно податоци за вакцината Астразенека за да утврди дали може да се користи кај постарата популација.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Дефект во тунелот под Ла Манш го парализира железничкиот сообраќај меѓу Британија и Европа

Трамп: САД извршиле напад врз пристаниште во Венецуела поврзано со нарко-шверц

Трамп: САД извршиле напад врз пристаниште во Венецуела поврзано со нарко-шверц