Утрински Весник
Свет

Франција на нозе – портести против здравствените дозволи кои ги воведе Макрон

Франција на нозе – портести против здравствените дозволи кои ги воведе Макрон

Демонстранти денеска маршираа низ повеќе француски градови, четврти викенд по ред, осудувајќи ги, како што велат, деспотските правила што ги принудуваат да бидат вакцинирани против Ковид-19, против нивна волја и да покажат здравствена дозвола за да можат да имаат пристап до секојдневни активности.

Тие се собраа на улиците во Париз, Ница, Монпелје и други градови, носејќи транспаренти на кои пишуваше „Не за диктатурата“ и извикуваа „Макрон, не ги сакаме твоите здравствени дозволи“, објави Ројтерс.

Меѓу демонстрантите има и левичарски анархисти и екстремно десничарски милитанти, остатоци од антивладиното движење Жолти елеци, како и други граѓани кои се против примање на вакцина или сметаат дека здравствената дозвола е дискриминаторска.

Стапките на вакцинација се зголемија откако Макрон го претстави својот план за воведување здравствени дозволи минатиот месец – две третини од Французите примиле една доза од вакцината, а 55 проценти се целосно вакцинирани.

Од понеделник, луѓето ќе мора да покажат здравствена дозвола за да јадат во ресторан, да добијат пристап до третман што не е итен во болница или да патуваат со меѓуградски воз.

Здравствените дозволи веќе се неопходни за посета на базени, музеи и ноќни клубови.

Здравствените работници имаат рок до 15 септември да се вакцинираат или ќе бидат суспендирани.

Можете да прочитате

Штрајк на кабинскиот персонал на авиокомпанијата „Ер Канада“ приземји стотици авиони

Трамп: Си ми вети дека Кина нема да го нападне Тајван за време на мојот мандат

Путин и Зеленски ќе организираат состанок за прекин на огнот во Украина, изјави Трамп по состанокот во Алјаска