Утрински Весник
Свет

Франција и Велика Британија ја одобрија вакцината на „Модерна“

Франција и Велика Британија ја одобрија вакцината на „Модерна“

Франција и Велика Британија ја одобрија употребата на вакцината против коронавирус на американската фармацевтска компанија „Модерна“.

Франција соопшти дека е одобрена употреба на вакцината на „Модерна“, откако Европската агенција за лекови (ЕМА) даде зелено светло на 6 јануари.

Во соопштението се вели дека вакцината е ефикасна против коронавирус и може да се дава на лица над 18 години. Ова е втора вакцина чија употреба е одобрена во Франција, по вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“.

И британската регулаторна агенција за медицина ја одобри употребата на вакцината „Модерна“.

Досега, околу 1,5 милиони луѓе во Велика Британија примиле барем една доза од вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“.

Премиерот, Борис Џонсон, рече дека целта е да се вакцинираат 15 милиони луѓе во Велика Британија до средината на февруари.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Германија ја обвини Кина дека употребила ласер врз германски авион

Еден прободен, седум полесно повредени во трките со бикови во Памплона

Израел ќе изгради камп во Појасот Газа за 600.000 Палестинци