Утрински Весник
Свет

Франција до јуни ќе донира 500.000 вакцини за сиромашните земји

Франција до јуни ќе донира 500.000 вакцини за сиромашните земји

Елисејската палата потврди дека до јуни Франција ќе донира 500.000 дози вакцина против Ковид-19 за сиромашните земји, како дел од иницијативата на претседателот Емануел Макрон, кој ги повика лидерите на најбогатите земји од Г7 да им дадат меѓу три и пет проценти од нивните вакцини на посиромашните земји.

„Важно е за претседателот да го воспостави овој механизам што е можно поскоро, бидејќи има потреба од брзина, а Франција ќе го стори тоа со давање на 500.000 дози до јуни, и ние ќе ве информираме како се дистрибуираат тие вакцини“, изјави висок официјален претставник за бриселски „Политико“.

„Политико“ известува дека бројот на дози што Франција планира да ги донира е помал дел од вкупното количество што земјата треба да го добие и дека досега се добиени повеќе од 7 милиони вакцини, додека се очекува дека неделните испораки ќе се зголемат значително од април.

Фармацевтските и биотехнолошките компании во земјата сè уште немаат произведено свои вакцини, а Франција, како и повеќето земји членки на ЕУ, во моментов се соочува со проблем на доцнење во испораката од производствените капацитети во Европа и САД, но Макрон е главен поборник за глобална солидарност кога станува збор за пристап до вакцини против Ковид-19, наведува „Политико“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Литванија постави „змејски заби“ на границата со Русија

Драма во туристичка атракција во САД: 6 часа луѓе останаа заробени во рудник, едно лице загина, меѓу спасените има и деца

Во израелските воздушни напади врз Бејрут загинаа најмалку 22 лица