Утрински Весник
Свет

Франција: Денеска ќе биде објавен составот на новата влада

Составот на новата влада на францускиот претседател Емануел Макрон ќе биде објавен денеска попладне, јавува Ројтерс.

Првиот состанок на владата е закажан за в понеделник, соопшти утрово француското претседателство.

Нова премиерка на Франција ќе биде Елизабет Борн, која неодамна за прв пат се појави во јавноста откако во понеделникот беше назначена на таа функција.

Оставката на поранешниот премиер Жан Кастекс на 16-ти мај доведе до долгоочекуваната реконструкција на владата по претседателските избори во април, на кои Макрон освои втор мандат.

Можете да прочитате

Големиот пожар во пристаништето во Хамбург е изгаснат

Главните автопатишта во Израел се затворени поради протести со кои се бара прекин на војната во Газа

Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа