Утрински Весник
Свет

Фотографија која го вознемири регионот: Дете плаче покрај патот во БиХ откако му ги украле капините што ги продавало

Фотографија која го вознемири регионот: Дете плаче покрај патот во БиХ откако му ги украле капините што ги продавало

На социјалните мрежи е објавена фотографија којашто го вознемири регионот за момче коешто седи покрај патот во Босна и Херцеговина и плаче, откако група постари момчиња украле капини од него, кои дента ги набрал во шумата за да ги продаде. На социјалните мрежи се појавија и информации дека со овие пари момчето секоја година купува книги за на училиште, а  фотографијата на Фејсбук ја објави Селмир Шљивиќ.

Тој напиша:

„Продавач на капини на патот М18, Брлошци, општина Кладањ. Тој плаче затоа што некои момчиња ги пробале неговите капини, ги украле и побегнале. Јас застанав и не е важно што направив, но ги проколнав и овие и сите оние коишто крадат пари, живот, љубов,живот. Таткото на Бекрија е невработен, а неговата мајка вели дека е постојано по доктори, болна. Какво дно достигнавме како општество, кога децата се принудени да работат, а не да бидат заштитени и дека сè уште им го крадеме тоа малку што ќе го заработат. Срам ми е, а помагам колку што можам. Малото момче престана да плаче и има уште еден сад за продажба“.

По приказната бројни луѓе нудат помош и донации за сиромашното семејство.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење