Утрински Весник
Македонија

Фотографијата на Петар Прентовиќ избрана за најдобра фотографија на тема #СкопјеДома за вчерашниот ден

Фотографијата на Петар Прентовиќ избрана за најдобра фотографија на тема #СкопјеДома за вчерашниот ден
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 21 март 2020 (МИА) – Фотографијата на Петар Прентовиќ е победник на вчерашниот ден, на конкурсот на Град Скопје за избор на автентични фотографии, видеа или гифови од домовите на граѓаните кои го поминуваат времето во изолација сами, со нивните семејства или со милениците. Фотографијата на Прентовиќ, која на интересен начин го истражува тројството во секојдневието и на мошне креативен начин го доловува расположението на скопјани во овој историски миг, е избрана во конкуренција од голем број на фотографии.

Од Град Скопје ги покануваат граѓаните да продолжат да испраќаат фотографии/видеа/гифови како го поминуваат денот дома.

– Својата фотографија, видео или гиф граѓаните едноставно треба да ја постават на фејсбук страницата СкопјеДома, користејќи ги хаштаговите #СкопјеДома и #ShkupiNëShtëpi. Тоа е доволно за учество во овој креативен конкурс. Победниците ќе се објавуваат секој ден, на истата фејсбук страница, соопштуваат од прес-службата на Град Скопје.

За најкреативните, Градот Скопје ќе доделува награди во висина до 100 евра, а изборот ќе се прави секој ден. Претходно, награди на конкурсот добија и Лариса Митиќ и Јехона Спахиу.

Оттаму апелираат граѓаните да останат дома за да се спречи ширењето на корона вирусот.фф/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Се бара притвор за странскиот државјанин кој нападна полицаец во Градски парк

Денеска треба да се избере ВД Јавен обвинител

Од утре попладне доаѓаат дождови и снегови