Утрински Весник
Македонија

Фотографии од обесено куче во Демир Капија предизвикаа бура на социјалните мрежи

Фотографии од обесено куче во Демир Капија предизвикаа бура на социјалните мрежи
Dik 300x250 mk

Фотографии од мало куче обесено на дрво ги згрози корисиниците на социјалните мрежи во земјава.

Фотографиите доцна синоќа беа споделени фејсбук-страницата на здружението Шепасти Ентузијасти.

Вознемирувачките фоторафии се објавени на овој линк.

„Понекогаш не знаеме како да изреагираме на ваков случај! Штотуку овие слики ги добивме во порака од Демир Капија. Ова се случило денес, обесиле мало кутре, мало бебе. Толку невини суштества, толку чисти и полни со љубов вие сте решиле да ги убиете. Што може ова кутре да ви направи за да го заслужи ова?“, се вели во објавата на здружението.

Од таму порачуваат дека случајот ќе биде пријавен во МВР и Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и исто така ги повикуваат граѓаните да им пријават доколку имаат дополнителни информации околу овој грозоморен настан.

Можете да прочитате

ЗНАМ со порака до ВРЕДИ: Чесно ве поддржавме, а вие не изигравте

Владата го достави предлог буџетот за 2026 година тежок 6,75 милијарди евра

Сиљановска-Давкова: Изборите беа сосема во ред, да се размисли за ограничување на градоначалничкиот мандат