Утрински Весник
Македонија

Форум-театар од средношколци за врсничкото насилство

Форум-театар од средношколци за врсничкото насилство

Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) – Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ денеска од 12.30 часот во Кинотека ќе организира форум театарска претстава за меѓуврсничкото насилство како дел од програмата за мировно образование.  Форум-театарот е создаден од 22 ученици од три средни училишта – скопските  „Шаип Јусуф“ и „Никола Карев“ и „Кочо Рацин“ од Велес.

-Учесниците споделија примери на однесување на соученици кои вршат насилство и одбегнуваат одговорност. За време на активностите учесниците се насочуваа кон изнаоѓање решенија на зададените проблем-ситуации, кои би ги користеле во случај на пасивност на публиката за време на претставата. Освен театарскиот дел од активностите, со учесниците се развиваа дискусии за нивната перцепција за врсничкото насилство, нивните реакции досега, како и за поттикнување индивидуална одговорност и проактивен пристап во слични ситуации. Се разгледуваа причините за присуствто на оваа појава, кој сè е одговорен и кој има обврска да се справува со врсничкото насилство, соопшти „Меѓаши“.

Од активностите на учесниците биле избрани две приказни кои се подготвени за форум-театарската престава, по што заедно се договориле каква публика ќе поканат на претставите – ученици, професори, советници од локална самоуправа за образование, центри за социјална работа, МВР – одделение за детска правда. хс/са/ 


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор