Утрински Весник
Спорт

Формула 1 започнува на 5 јули?

Тод: Ф1 тимовите мора сериозно да ги намалат буџетите

Салцбург, 17 април 2020 (МИА) – Има шанси сезоната во Формула 1 да почне на 5-ти јули со австриското Гран-при, пренесува Би-Би-Си. Првата трка во годината може да биде проследена со две рунди во Велика Британија.

Доколку се одржи, нема да се продаваат влезници за австриското Гран-при. Можните следни две трки на патеката „Силверстон“ ќе се одржат без публика.

Газдите во Ф1 повторно организираа состанок на Интернет за да разговараат за актуелната состојба со пандемијата од „КОВИД-19“ и нејзините последици.

Првите девет рунди на Шампионатот во 2020 година беа одложени или откажани, оставајќи многу неизвесности околу целокупниот дизајн на програмата на Шампионатот.

Приходот во тимовите е значително намален поради пропуштени трки. Лидерите на најпопуларниот мотоспорт се уште се надеваат дека ќе одржат вкупно 15 рунди во 2020 година. Постои дури и опција да заврши сезоната во јануари 2021 година.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство