Утрински Весник
Македонија

Формиран сервис за поддршка на ранливите категории граѓани во Делчево

Формиран сервис за поддршка на ранливите категории граѓани во Делчево

Делчево, 4 април 2020 (МИА) – Општина Делчево ги реактивираше договорите на девет лица ангажирани преку програмата Општинско-корисна работа. Активностите се дел од стратегијата на УНДП, при што е креиран сервис за поддршка на најранливите катаегории лица, стари лица, лица со попреченост и други ранливи категории на граѓани.
-Активностите се во насока на поддршка во напорите во борба против коронавирусот во нашата земја, а за таа цел Општина Делчево ги реактивираше овие договорите на лицата кои претходно беа ангажирани преку Програмата Општинско-корисна работа кои давале услуги за стари лица и лица со попреченост. Лицата се ангажирани за период од еден месец, почнувајќи од 6 април до 6 мај 2020 година, информираа надлежните.
Задачата на овие лица, како што додаваат, ќе се состои од достава на намирници, лекови, плаќање сметки и други слични услуги кои крајните корисници не се во можност самите да ги извршуваат.
-За ангажираните лица е изработен видеоматеријал за обука од страна на УНДП и до сите ангажирани лица е доставена заштитна опрема (ракавици, маски, средства за лична дезинфекција) која ќе треба да ја користат за време на работните активности, додадоа од Општина Делчево.
Со активирањето на мобилните тимови преку Програмата Општинско-корисна работа, според надлежните, ќе се засилат мобилните тимови формирани од Општина Делчево пред три недели. Граѓаните од наведените категории услугата можат да ја побараат на телефонските броеви: 075/367-927 и 075/367-903. вс/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија