Утрински Весник
Македонија

ФОН од денеска Американски универзитет на Европа – ФОН

ФОН од денеска Американски универзитет на Европа – ФОН

Скопје, 16 април 2020 (МИА) – Првиот приватен универзитет ФОН од денеска и официјално го менува своето име во Американски универзитет на Европа – ФОН (American University of Europe – FON ), AUE- FON, соопштија од Универзитетот.

Овој процес, како што посочуваат, е проследен со соодветни акредитации во државава, како и меѓународни акредитации во Европа и во САД согласно највисоките образовни стандарди.

Од Универзитетот истакнаа дека промените ги најавиле уште на почетокот на годинава на меѓународниот симпозиум по повод денот на образованието 24 јануари, кога беше промовиран и новиот одбор за доверба (board of trustees) во кој учествуваат доктори на науки, професори, добитници на Нобелова награда, поранешни и сегашни раководители на значајни глобални институции, како што се УНЕСКО, ММФ…, сегашни и поранешни министри за образование на Франција, Гвинеја, Буркина Фасо, Доминиканска Република, светски реномирани научници, поранешни тренери и спортисти, фондации и бизнисмени. рп/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошовски: Ќе одговориме жестоко на сите обиди за дестабилизација на Македонија

Поплава од македонски знамиња на профилите на функционерите од СДСМ

ЦУК: На бројот 112 во изминатото деноноќие 1697 повици, се гаселе девет пожари на отворен простор