Утрински Весник
Свет

Фон дер Лаен: Договорот со „Астразенека“ е обврзувачки и кристално јасен

Фон дер Лаен: Договорот со „Астразенека“ е обврзувачки и кристално јасен

Договорот меѓу Европската Унија и „Астразенека“ за нејзината вакцина против коронавирус содржи обврзувачки одредби, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, и побара објаснување од производителот на лекови за доцнења во испораката.

Таа за радио „Дојчландфунк“ рече дека договорот содржи многу јасни количини на испорака за декември и првите три квартали од 2021 година, а исто така спомена и четири производствени погони, од кои два се во Велика Британија, пренесува „Ројтерс“.

„Постојат обврзувачки одредби и договорот е кристално јасен“, рече Фон дер Лаен.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Макрон за царините на Трамп: Добро е да има противтежа на моќта, реципроцитет, а не еднострани одлуки

Американски ловци пресретнале пет руски авиони кај Алјаска

Се помалку дизел возила во ЕУ, бројот на електричните зголемен за 45 пати