Утрински Весник
Македонија

Фон дер Лаен благодарна за брзата македонска реакција во однос на ситуацијата во Украина

Фон дер Лаен благодарна за брзата македонска реакција во однос на ситуацијата во Украина
Dik 300x250 mk

Премиерот Димитар Ковачевски денеска оствари телефонски разговор со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лаен.

Како што се наведува во владиносто соопштение, претседателката на ЕК, на премиерот Ковачевски му изразила благодарност за брзите реакции на Владата на Северна Македонија во врска со Украина, за кои истакнала дека во целост се усогласени со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.

Воедно, претседателката на Европската Комисија искажала честитки за посветеноста на дијалогот Скопје-Софија и уште еднаш повторила дека Брисел силно го поддржува и поздравува овој процес кој ќе овозможи забрзување на процесот на евроинтеграции.

Ковачевски информирала дека владите на Северна Македонија и Бугарија се посветени и активно продолжуваат со дијалогот за изнаоѓање решенија и резултати за време на француското претседателство со ЕУ.

 

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче уште го игра бугарското сценарио

Судот одреди мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

Предлог закон за замена на македонските возачки дозволи во Република Словенија