Утрински Весник
Економија

„Фолксваген“ го намалува производството поради ширење на коронавирусот меѓу работниците на неговата партнерска компанија

„Фолксваген“ го намалува производството поради ширење на коронавирусот меѓу работниците на неговата партнерска компанија

Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ објави дека е принуден да го намали производството бидејќи коронавирусот почнал да се шири меѓу работниците на еден од неговите доставувачи.

Ширењето на коронавирусот предизвика исклучување на партнерската компанија која „Фолксваген“ го снабдува со делови за пена и компоненти за седиштата.

Производството е намалено, почнувајќи од ноќната смена од понеделник до вторник, објави германскиот автомобилски гигант, без да наведе кога ќе се нормализира капацитетот.

Покрај фабриката во Волфсбург, коронавирусот влезе и во областа за испорака околу фабриката во Брауншвајг.

Компанијата и работниот совет се согласија дека работниците што немаат работа ќе бидат запишани во државната програма за субвенционирање на платите, започната во март за да се спречат отпуштања во времето на затворање на фабриките, како дел од пакетот против пандемија.

Според Институтот за истражување Ифо, вкупно два милиони работници во Германија биле запишани во државната програма за субвенционирање на платите во ноември. Нивниот број се зголеми за прв пат од мај, забележуваат во Ифо.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Лукаревска: Секој ден ново задолжување, ВМРО-ДПМНЕ повторно ги задолжува граѓаните

Царинска управа: За 14,5 милиони евра зголемена наплатата на приходи во август – рекорден раст од 8,9 проценти годинава

Битиќи: Со ново задолжување ДПМНЕ ја потврди негрижата за граѓаните