Утрински Весник
Економија

„Фолксваген“ го запира производството во Русија и го запира извозот

„Фолксваген“ го запира производството во Русија и го запира извозот

Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ соопшти дека ќе го прекине производството на возила во Русија на неопределен период поради рускиот напад врз Украина и веднаш ќе го прекине извозот.

VW има фабрики во Калуга, југозападно од Москва и во Нижни Новгород каде планираат да го прекинат производството. Во соопштението се додава дека автомобилите на групацијата VW, вклучувајќи ги Audi, Porsche и Skoda, нема да се извезуваат во Русија.

Водењето бизнис со Русија стана значително потешко од почетокот на руската инвазија на Украина поради санкциите наметнати на Москва од меѓународната заедница. Водечката германска бизнис асоцијација ДИХК оцени дека санкциите всушност претставуваат целосно ембарго.

Германските производители на автомобили се погодени од војната во Украина преку прекини во синџирот на снабдување, особено со кабли. Така, VW во посебно соопштение објави дека поради украинската криза привремено го прекинува производството во две полски фабрики, исто така посочувајќи на прекинот во синџирот на снабдување.

Можете да прочитате

Трипуновски: Извозот на земјоделски производи согласно податоците бележи раст за над 5 прoценти 

Недостигот на квалификувана работна сила еден од проблемите со кои се соочуваат странските инвеститори

„Скратена работна недела“ – нова економска мерка на СДСМ