Утрински Весник
Магазин

„Фолклор“ на Teјлор Свифт – прв албум од 2020 година продаден во милион примероци

„Фолклор“ на Teјлор Свифт – прв албум од 2020 година продаден во милион примероци

Последниот албум на Тејлор Свифт, Folklore („Фолклор“) се врати на број еден во Америка, со што стана првиот aлбум продадедн во повеќе од милион примероци во 2020 година.

Осмиот албум на sвездата беше снимен за време на самоизолација и беше објавен како изненадување за фановите во август.

Најдобро рецензираниот албум во нејзината кариера се очекува да добие повеќе номинации за „Греми“ следниот месец.

Според „Билборд“, Folklore минатата недела бил продаден во 57.000 примероци во САД, со што вкупниот број достигна 1,038 милиони.

Претходниот албум на Свифт, Lover, беше и единствениот рекорд со продадени еден милион копии во САД во 2019 година.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Како изборот на храна влијае врз здравјето на цревата?

Пет хороскопски знаци со најголеми шанси за голема љубов во 2026 година

Совети и трикови како да си го олесните првиот триместар од бременоста