Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Флоријан Вирц стана најмладиот стрелец во Бундеслигата

Флоријан Вирц стана најмладиот стрелец во Бундеслигата
300x250 opst2

Леверкузен, 7 јуни 2020 (МИА) – Тинејџерот Флоријан Вирц од Баер (Леверкузен) стана најмладиот стрелец на гол во историјата на германсата фудбалска Бундеслига. На возраст од 17 години и 34 дена, младиот фудбалер постигна гол при домашниот пораз со 2:4 од шампионот Баерн, една минута пред крајот.

Вирц, кој е дете на Келн и беше привлечен на „БаиАрена“ во јануари, постигна гол по додавањето на Паулињо.

Така, членот на германската јуниорска репрезентација го подобри претходниот рекорд на Нури Шахин, кој во 2005 година постигна гол за Борусија (Дортмунд) во германската елита на возраст од 17 години и 82 дена.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Србија остана без бодови и без селектор по поразот од Албанија

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025