Реал Мадрид, вечерва го игра последниот натпревар оваа сезона. Реал со два бода помалку од Атлетико, ќе го пречека Виљареал, а Атлетико гостува во Ваљадолид.
Без оглед на тоа како ќе заврши сезоната, медиумите пишуваат дека веќе е позната трансфер-листата и дека тренерот Зинедин Зидан, во понеделник ќе ја соопшти дали ќе остане во клубот.
Финансиката ситуација во Реал е далеку од идеална, најмногу поради пандемијата на коронавирусот и реновирањето на „Сантијаго Бернабеу“.
Поради тоа се шпекулира дека капитенот Серхио Рамос и неговиот заменик ќе го напуштат клубот, а можно е да земине и Лука Модриќ, иако тој изрази желба да ја заврши кариерата во Реал.
На трансфер-листата ќе бидат ставени Еден Азар, Рафаел Варан кој побара трансфер, Марко Асенсио, односно Герет Бејл, Дани Себаљос и Лука Јовиќ.
Планот на Флорентино Перез е од овие трансфери да го финансира доаѓањето на Килијан Мбапе од ПСЖ. Вчера дел од медиумите објавија дека Мбапе и неговото семејство постигнале договор со Реал.
Перез планира да донесе уште неколку нови фудбалери, но за да ги оствари плановите ќе мора да продава.
> Флорентино Перез ја составил трансфер-листата <