Утрински Весник
Спорт

Флик ја смета Борусија за една од најдобрите екипи во Европа

Флик ја смета Борусија за една од најдобрите екипи во Европа

Минхен, 26 мај 2020 (МИА) – Тренерот на Баерн, Ханс Флик ги сподели своите очекувања за дуелот со Борусија Дортмунд во 28. коло на Германското фудбалско првенство. Екипите ги заземаат првите две места на табелата.

– Одлично е кога две вакви добри екипи се спротивставуваат едни на други. Во зима, Борусија беше засилена со двајца играчи кои имаат неверојатен менталитет. Џан и Холанд се извонредни. Овој тим е меѓу најдобрите во Европа. Во Лигата на шампионите, тие скоро успеаја да го минат ПСЖ. Ќе мора да покажеме оптималната игра, изјави Флик.

Натпреварот Борусија Дортмунд – Баерн Минхен се игра денес од 18:30 часот. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина