Утрински Весник
Спорт

Флик: После паузата, Баерн со својот фудбал сака да го импресионира целиот свет

Флик го одобри трансферот на Сане, Баерн е заинтересиран и за Вернер
Dik 300x250 mk

Минхен, 15 мај 2020 (МИА) – Тренерот на Баерн, Ханс Флик, зборуваше за желбата на неговиот тим да демонстрира брилијантен фудбал по враќањето на германскиот шампионат 2019/20 од паузата поврзана со пандемијата на коронавирус.

– Во принцип, малку што ќе се смени, освен тоа што сите на клупата ќе треба да носат маска. Играчите и јас разговаравме за нивните тековни способности и очекувања. Повеќе од 200 земји ќе ги следат нашите натпревари, ова е прилично голема публика, пред која можете да се покажете. После оваа пауза поради пандемијата, сакаме да им покажеме на нашите гледачи највисоко ниво фудбал. Сакаме да го импресионираме светот, изјави Флик.

Во првиот натпревар по пауза, Баерн в недела ќе гостува кај Унион Берлин. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата

Салах го постигна 250. гол за Ливерпул и им се придружи на Раш и Хант

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони