Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Флик го одобри трансферот на Сане, Баерн е заинтересиран и за Вернер

Флик го одобри трансферот на Сане, Баерн е заинтересиран и за Вернер
Img 7972

Минхен, 15 април 2020 (МИА) – Германскиот фудбалски гигант Баерн ги истражува опциите за засилување на составот. Веќе се познати и првите имиња на играчи кои најверојатно ќе се преселат на „Алијанц арена“.

Тренерот Ханс-Дитер Флик, одобри да се ангажира крилниот играч на Манчестер сити, Лерој Сане. Германскиот фудбалер останува примарна цел на Баварците под услов цената да му одговара на клубот.

Исто така, Баерн го задржува интересот за напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер, меѓутоа, клубот не е сигурен во потребата од овој трансфер. И покрај фактот дека на Флик му се допаѓа напаѓачот на Ливерпул, тој исто така покажува сериозен интерес и за Вернер. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај