Утрински Весник
Спорт

Флик го брани Кимих: Тој не е антиваксер

Флик го брани Кимих: Тој не е антиваксер
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Германскиот селектор Ханси Флик застана во одбрана на ѕвездата на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, повикувајќи го за репрезентативните обврски во квалификациите за СП и посочувајќи дека тој не е поддржувач на теориите за заговор околу КОВИД-19.

26-годишиот Кимих беше на мета на критичарите откако одби да се вакцинира за корона вирусот поради „недостаток на долгорочни студии“ за последиците од вакцината. Кимих инсистираше дека вакцинацијата треба да е индивидуална одлука и дека продолжува да ги почитува сите хигиенски мерки. Флик, кој учествуваше во кампањата на Германската фудбалска федерација (ДФБ) за вакцинација, вели дека Кимих треба да биде оставен на мир.

„Јас сум вакциниран и ја поддржав кампањата бидејќи сум уверен во тоа. Би било идеално сите фудбалери да се вакцинираи, но мислам дека се поминува границата на пристојно однесување кога се оди со навреди и се ставаат во група каде што не припаѓаат. Џо не е вакциниран, но тоа не значи дека не верува во КОВИД. Не е меѓу теоретичарите на заговори, сите кои го познаваат знаат каков е. Тој секогаш има прашања, сака да знае и да направи вистинска одлука и понекогаш му треба време да оформи мислење“, вели Флик во интервју за весникот „Франкфуртер алемајне цајтунг“.

> Флик го брани Кимих: Тој не е антиваксер <

Можете да прочитате

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата