Светската фудбалска федерација (ФИФА) денеска го усвои предлогот да се разгледа опцијата светските првенства во фудбал да се одржуваат на две наместо на четири години во обид да се прошири богатството на глобално ниво и да се ограничи финансиската моќ на европските земји.
Идејата на претседателот на Фудбалската федерација на Саудиска Арабија, Јасер ал-Мисехал, беше усвоена од Конгресот на ФИФА, а тој ја оправда идејата како клучна за развојот на глобалниот фудбал.
Претходно, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, зборуваше за нерамноправноста во глобалниот фудбал и доминацијата на Европа.
„Мораме да ги разгледаме сите опции фудбалот да го направиме навистина глобален. Топ-20-те клуба на светот доаѓаат од само пет европски земји, а на светските првенства од полуфиналињата има доминација на Европа и Јужна Америка. Потребен ни е баланс“, изјави Инфантино, кој исто така посочи дека до 2022 година на СП се квалификувале само 5 од 54 африкански земји.
Токму Конфедерацијата на африканскиот фудбал (ЦАФ) застана зад идејата на Ал Мисехал. Како би функционирал мундијал на секои две години останува да се види и колку тоа ќе влијае и на силните континентални репрезентативни натпреварувања, како Европското првенство и Копа Америка.
> ФИФА сака мундијал на секои две години! <