Утрински Весник
Спорт

ФИФА потврди истрага против Еквадор, Италијанците „сонуваат“ за место на СП

Dik 300x250 mk

Светската фудбалска федерација (ФИФА) потврди дека ќе има истрага за фалсификување на документи во случај во кој Еквадор може да го загуби местото на Светското првенство во Катар во 2022, на што може да „профитираат“ Перу и Италија.

Чилеанската фудбалска федерација поднесе жалба до дисциплинската комисија на ФИФА, тврдејќи дека со фалсификувани документи, Бајрон Давид Кастилјо добил еквадорско државјанство, откако тој настапи на осум меча од квалификациите.

Еквадор се падна во група со Катар, Холандија и Сенегал во ждрепката за СП, и ако биде исфрлен, Перу ќе добие директен пласман на турнирот, наместо да игра бараж со Австралија, а Чиле би го добил местото во баражот.

Италијанците, пак, се надеваат на неверојатното сценарио ФИФА да се реши да ја прати на Мундијалот репрезентацијата со највисок рејтинг кој не е квалификуван, што е Италија, по поразот од Македонија во полуфиналето на европскиот бараж.

> ФИФА потврди истрага против Еквадор, Италијанците „сонуваат“ за место на СП <

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен