Утрински Весник
Спорт

ФИФА носи ново правило, ќе го тестираат идниот месец во Катар

ФИФА носи ново правило, ќе го тестираат идниот месец во Катар

ФИФА ќе воведе ново правило во фудбалот, а истото ќе биде тестирано на Светското првенство за клубови кое ќе е одржи во Катар идниот месец.

Турнирот започнува на 1 февруари, а ќе настапат Баерн Минхен, Ал Ахли, Тигрес, Ал Духаил, Оукленд и победникот на Копа Либертадорес.

ФИФА на турнирот ќе воведе дополнителна измена. Освен петте измени кои тимовите ќе можат да ги извршат, сите ќе можат да направат дополнителна измена, но само ако се работи за повреда на главата на фудбалерот.

По неодмнешните случувања кога сериозно се повредија напаѓачот на Вулверхемптон, Раул Хименез и дефанзивецот на Арсенал, Давид Луиз многу се зборуваше за воведување на такво правило.

> ФИФА носи ново правило, ќе го тестираат идниот месец во Катар <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Заврши првата фаза на Европското првенство во ватерполо

ЕХФ ЕУРО 2026: Македонските ракометари на мегдан со кодомаќинот Данска

Мурињо го коментираше поразот од Порто