Утрински Весник
Спорт

ФИФА не се откажува, ќе ги додели „The Best“ наградите

ФИФА не се откажува, ќе ги додели „The Best“ наградите

Наградите кои ФИФА им ги доделува на најдобрите фудбалери (The Best) нема да бидат откажани. Претходно „Франс Фудбал“ објави дека оваа година нема да бида доделена „Златната топка“.

Во ФИФА и покрај ситуацијата со коронавирусот решиле да ги доделат наградите. Нема да биде организирана свечена церемонија, тутку доделувањето ќе биде организирано „он-лајн“, а лауреатите наградите ќе ги добијат на своите домашни адреси.

Датумот кога ќе се доделуваат наградите се уште не е одреден.

Од друга страна „Франс Фудбал“ прв пат по 1956 година нема да ја додели престижната „Златна топка“.

> ФИФА не се откажува, ќе ги додели „The Best“ наградите <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина