Утрински Весник
Спорт

ФИФА го истражува трансферот на Бруно Фернандеш во Манчестер Јунајтед

Бруно Фернандеш најдобар играч во Премиер лигата во февруари

Манчестер, 6 мај 2020 (МИА) – ФИФА покрена истрага за трансферот на Бруно Фернандеш од Спортинг Лисабон во Манчестер Јунајтед откако италијанската Сампдорија поднесе тужба против португалскиот гигант.

Клубот од Џенова го продаде португалскиот играч од средниот ред на Спортинг Лисабон во 2017 година и во моментов бара 10%, или нешто повеќе од четири милиони фунти, од договорот со „црвените ѓаволи“.

Сампдорија тврди дека тоа било една од трансфер-клаузулите на Бруно Фернандеш.

ФИФА преку својот портпарол потврди дека во моментов се води истрага.

– Сампдорија поднесе тужба до ФИФА против португалскиот клуб Спортинг Лисабон во врска со финансиските обврски поставени во договорот, за трансферот на Бруно Фернандеш, соопшти централата.

Португалскиот играч од средниот ред се пресели во Манчестер Јунајтед во текот на зимата за околу 50 милиони евра.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари