Утрински Весник
Спорт

ФИФА Бест – дали Лева ќе му се одмазди на Меси или Салах ќе изненади

ФИФА Бест – дали Лева ќе му се одмазди на Меси или Салах ќе изненади

Светската фудбалска федерација (ФИФА) го објави триото кое ќе се бори за наградата „ФИФА БЕСТ“ како најдобар фудбалер во 2021, давајќи му шанса на Роберт Левандовски да му се „одмазди“ на Лионел Меси за поразот во гласањето за „Златната топка“.

ФИФА од 2016 се одвои од „Франс фудбал“ во доделувањето на годишната награда која сега е наречена едноставно „The Best“, и очекувано Полјакот Левандовски и Аргентинецот Меси се меѓу кандидираните, а овојпат правдата е задоволена со тоа што во борба со нив е и напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах.

Лани победата ја однесе Левандовски за разлика од „Златната топка“ која беше одложена поради коронавирусот. Доделувањето на наградата ќе се случи на 17 јануари. Досегашни победници на „ФИФА БЕСТ“ се Кристијано Роналдо (двапати), Лионел Меси и Лука Модриќ.

> ФИФА Бест – дали Лева ќе му се одмазди на Меси или Салах ќе изненади <

Можете да прочитате

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења

УЕФА го отфрли барањето на клубовите од Премиер лигата за проширување на составите за ЛШ

ФИФА откажа 2.000 хотелски резервации за СП 2026 година во Филаделфија