Утрински Весник
Спорт

Фиорентина преговара со Џенаро Гатузо

Фиорентина преговара со Џенаро Гатузо

Челниците на Фиорентина воспоставиле контакт со Џенаро Гатузо. Тие имаат желба, актуелниот тренер на Наполи, да ја предводи Фиорентина наредната сезона.

„Скај Италија“, тврди дека Гатузо сакал да ја преземе Фиорентина, но под услов клубот да ги задржи главните играчи. Тренерот инсистирал клубот да не го продава Душан Влаховиќ, кој оваа сезона има постигнато 20 голови.

Претседателот на Фиорентина, Роко Комисо, бил заинтересиран и за тренерот на Сасуоло, Роберто Де Зерби, меѓутоа овој тренер е главен кандидат за нов шеф на стручниот штаб на Шахтјор.

> Фиорентина преговара со Џенаро Гатузо <

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026