Утрински Весник
Спорт

Фиорентина на стартот ја „откажа“ Рома

Фудбалерите на Фиорентина ја совладаа Рома со 2:0 и ставија крај на лошата серија од три порази. Уште на стартот „виолетовите“ обезбедија предност која ја чуваа до крајот на дуелот.

Нико Гонзалес во петтата минута погоди од пенал, а само шест минути подоцна Џакомо Бонавентура го постигна вториот гол за домашниот тим.

По овој триумф, Фиорентина се наоѓа на седмата позиција со 59 бода, колку што има и вечерашниот ривал Рома.



> Фиорентина на стартот ја „откажа“ Рома <

Можете да прочитате

О’Саливен испиша историја во снукерот

Рекордни 60 поени на Дончиќ во дресот на Лејкерс

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко