Утрински Весник
Свет

Финците сакаат да влезат во НАТО, се плашат од руски дезинформации

Финците сакаат да влезат во НАТО, се плашат од руски дезинформации

Според финската служба за безбедност, Хелсинки очекува Русија да почне кампања за дезинформации за да влијае на дебатата во Финска за влез во НАТО.

Разузнавачката служба „Супо“ во последната процена наведе дека јасното влијание на Русија и нелегалните разузнавачки операции се меѓу главните закани за националната безбедност на Финска, пренесува „Ројтерс“.

„Финското општество како целина треба да биде подготвено за разни мерки со кои Русија сака да влијае на креирање политика во Финска за прашањето на НАТО“, рече директорот на „Супо“, Анти Пелтари.

Тој исто така додал дека финските власти мора да обезбедат услови за целосна и фер дебата без заплашување, како и да спречат евентуално надворешно влијание врз одлуките за безбедносната политика што ги носи Финска.

Анкетите покажуваат дека подготвеноста на Финска да се приклучи кон Северноатлантскиот сојуз е зголемена по руската инвазија на Украина и тоа првпат укажува дека мнозинството е за членство во НАТО, наведува „Ројтерс“.

Можете да прочитате

Пакистан и Иран имаат за цел да ја зголемат билатералната трговија на 10 милијарди долари

Анкета: Само 16 проценти од Германците „дефинитивно“ би се бореле за својата земја

Сите петмина заробени рудари во чилеанскиот рудник пронајдени мртви