Утрински Весник
Свет

Финскиот претседател: Двете страни во војната во Украина користат потешко оружје

Финскиот претседател Саули Ниинисто вели дека двете страни во војната во Украина користат потешко оружје, додека Русија користи и термобарични бомби.

„Испраќаме потешко оружје во Украина. Од друга страна, Русија исто така почна да користи многу моќно оружје, термобарични бомби кои всушност се оружје за масовно уништување“, изјавил Ниинисто, според медиумите.

Украина и земјите од НАТО претходно ја обвинија Русија дека користи високо деструктивни термобарични бомби, познати и како вакуум бомби. Амнести интернешнал објави дека Русија користела забранети касетни бомби во Харков.

Можете да прочитате

Путин: Тоа што се случува со Гренланд воопшто не нè засега

Премиерот на Словенија одби да се приклучи на „Одборот за мир“

Трамп најави укинување на царините за Европа