Утрински Весник
Свет

Финска конечно ја трга свастиката од амблемот на возухопловните сили

Финска конечно ја трга свастиката од амблемот на возухопловните сили

Финските воздухопловни сили престанаа да го користат стариот амблем кој содржеше свастика, јави Би-би-си.

Долго време, амблемот на финските воздухопловни сили беше свастика обрабена со крилја. Сепак, свастиката, симбол стар неколку илјади години кој во западната култура обично се поврзува со нацистите, сега е исфрелен од амблемот.

Финското воено воздухопловство го користело симболот од основањето во 1918 година, многу брзо по независноста на земјата и долго пред подемот на нацизмот.

Овој симбол се користи илјадници години во индиската култура и низ целиот свет, но на Западот стана популарен на почетокот на минатиот век.

Во текот на 20-тите години на минатиот век, Адолф Хитлер ја искористи свастиката како симбол на неговата Национал-социјалистичка партија, која дојде на власт во Германија во следната деценија.

Геноцидот на режимот на Хитлер доведе до тоа повеќето луѓе на Западот свастиката да ја поврзуваат со нацизам и антисемитизам.

Текстот Финска конечно ја трга свастиката од амблемот на возухопловните сили е превземен од МАКФАКС.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија ги брише талибанците од листата на терористи

Најмалку осум британски војници се повредени во верижна сообраќајка во Естонија

Трамп најави дека на 20 јануари ќе воведе царини за производи од Кина, Канада и Мексико