Утрински Весник
Свет

Финската премиерка го напушти самитот на ЕУ и отиде во самоизолација

Финската премиерка го напушти самитот на ЕУ и отиде во самоизолација
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Финската премиерка Сана Марин го напушти самитот на ЕУ во Брисел поради претпазливост и објави дека оди во самоизолација.

Таа се реши на тој чекор откако беше во контакт со пратеник кој подоцна беше позитивен на коронавирусот.

Премиерката го напушти Европскиот совет и побара од шведскиот премиер Штефан Левен да ја претставува Финска до крајот на состанокот, соопшти прес-службата на премиерката.

Во средата, Марин присуствуваше на состанок во финскиот парламент заедно со пратеникот Том Пакален, кој подоцна беше позитивен на коронавирус и имаше лесни симптоми на настинка, пренесува агенцијата АП.

Вчера, како мерка на претпазливост затоа што некој бил заразен со коронавирус во нејзиното опкружување, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, исто така, го напушти состанокот на ЕУ во Брисел.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пад на увозот на нафта во ЕУ во првите три квартали од 2025 година

Италија им ја припишува сопственоста на златните резерви на италијанскиот народ

Девет лица повредени во напад со нож во Тајпеј