Утрински Весник
Економија

Финансиски аналитичар: За Германија претстојат тешки времиња

Германскиот финансиски сектор засега е стабилен и покрај честото неплаќање на финансиските обврски, но економијата се соочува со тешки времиња, со оглед на несигурното снабдување со руски гас, предупредува во интервју првиот човек на финансискиот регулатор.

dobivaj vesti na viber

„Не очекувам акутна закана за финансиската стабилност на краток рок, но прашајте ме повторно за три до шест месеци. Тогаш работите може да изгледаат поинаку“, изјави претседателот на „БаФин“, Марк Бренсон за „Зидојче цајтунг“.

„Банките имаат проблеми со неплаќање на кредитните обврски, но финансискиот систем засега е силен“, изјави првиот човек на БаФин.

„Банките имаат многу повеќе капитал што ги штити од загуби отколку порано“, додаде тој.

Тој, исто така, предупредува дека енергетската криза ќе изврши притисок врз целата германска економија, во период на зголемени стравувања дека Русија би можела уште повеќе да ја намали испораката на гас.

„Државата не може да апсорбира сè“, нагласува Бренсон.

Можете да прочитате

Трипуновски од Радовиш: Преку партнерски однос со земјоделците до раст на домашното производство

Трипуновски: Извозот на земјоделски производи согласно податоците бележи раст за над 5 прoценти 

Недостигот на квалификувана работна сила еден од проблемите со кои се соочуваат странските инвеститори