Утрински Весник
Спорт

Финалето на ФА Купот беше преименувано по идеја на принцот Вилијам

Познати двојките за четвртфиналето на ФА Купот
Dik 300x250 mk

Лондон, 12 јуни 2020 (МИА) – Финалето на ФА Купот оваа сезона ќе биде преименувано во „Heads Up“ со цел да се обрне внимание на проблемите со менталното здравје, изјави принцот Вилијам.

Натпреварот за трофејот на најстариот фудбалски турнир ќе се одигра на „Вембли“ на 1 август, откако паузата со коронавирус ја продолжи сезоната низ цела Европа.

„Емиратс“ го спонзорира историскиот турнир од 2015 година, но се согласи да го промени името на финалниот натпревар на барање на принцот Вилијам.

Идејата на принцот е да ја популаризира важноста на доброто ментално здравје за луѓето.

– Поминавме низ тежок период со оваа пандемија. За жал, ова ќе има сериозни последици во општеството, не само во фудбалот, во однос на менталното здравје, рече војводата од Кембриџ

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јамал, Дембеле и Салах номинирани за наградата „Најдобар“ на ФИФА

Ѓоковиќ го победи Борхес и се пласираше во полуфиналето на турнирот во Атина

Милевски повика 28 фудбалери за средбите со Летонија и со Велс