Утрински Весник
Магазин

Филип Шофилд ѝ порача на војвотката од Сасекс да замолчи

Филип Шофилд ѝ порача на војвотката од Сасекс да замолчи
Dik 300x250 mk

ТВ-водителот Филип Шофилд се најде на удар на корисниците на „Твитер“ откога во етер ѝ порача на војвотката од Сасекс да си ја затвори устата.

Филип Шофилд, водител на британската утринска eмисија This Morning, распали по војводата и војвотката од Сасекс во реакција на тврдењата дека членовите на кралското семејство сè уште не разговарале со војвотката од Сасекс по фамозното интервју кај Опра.

А во врска со тврдењата дека двајцата браќа имале непродуктивен разговор, ТВ-водителот му порача на парот, особено на Меган, дека е крајно време да запре.

„Го кажа својот став, сега затвори си ја устата и продолжи со твојот тивок американски живот“, рече тој обраќајќи ѝ се на војвотката од Сасекс

Филип (58) го обвини парот за „прободување нож низ срцето на монархијата“.

„Ѝ го прободевте срцето на монархијата и треба да престанете“, додаде тој.

Гледачите на емисијата беа поделени во врска со коментарите на Филип, а некои твитерџии го обвинија дека е драматичен.

„Забодевте нож во срцето на монархијата?! Ова е премногу драматично, Фил“, напиша еден корисник на „Твитер“.

Друг додаде: Гледам дека This Morning и понатаму е интензивно токсична емисија со домаќин што удира тапани за бригадата „Ние ја мразиме Меган“ заедно со неговите две Зум-навивачки.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ако сте имале токсични родители, нема да ги паметите овие работи од вашето детство

Џонатан Бејли прогласен за „Најсексипилен маж на денешнината“ за 2025 година

Енергија, идеи и технологија: Startup Weekend Skopje 2025 – Fintech